Здраво тело

Која храна најмногу ви одговара – според хороскопскиот знак

Овен

Овните се борци, предводници, еуфорични или депресивни, и својот жесток темперамент може да го смират со лесна храна, претежно зеленчук, малку месо и без жесток алкохол и цигари. Зелениот и црвениот зеленчук, спанаќ, зелка, ротквици, цвекло и домат треба да го имаат на секојдневното мени. Важно е да внесуваат и црвено овошје: цреши, вишни, рибизли.

За смирување од стрес и напорна работа најдобро е да консумираат грозје и сливи.

Бик

Биковите се меланхолични, сакаат спортови но да не се заморуваат премногу, претпочитаат мирен и комотен живот. Бикот има добар апетит и навистина ужива во храната. Тие се склони на дебелеење, особено во поодминатите години. Храна која најмногу им одговара е онаа со темно виолетова боја: сливи, капини, грозје, зрнесто овошје.

Близнаци

Тие се со брз и динамичен дух, нивната непостојаност и младешка енергија плени. Сакаат да експериментираат со храната, да пробуваат секакви вкусови. Од одашната храна најмногу им одговара доматот, грозјето, капините и црешите.

Рак

Раковите ја сакаат домашната атмосвера, слатките со кои и најчесто ги компензираат љубовните маки и животни проблеми. Во поглед на храната тие не пребираат многу јадат се, но она што најмногу им годи е пиперка, компир, тиква, банана, круша и грејп. Она на што треба да внимаваат е да не се ослонуваат на храната кога се во депресија.

Лав

Лавовите го сакаат најдоброто од животот. Се борат да го добијат тоа, но затоа пак се под постојан притисок. Заради стресот кој постојано го имаат треба да практикуваат зелено овошје и зеленчук кој ќе ги релаксира. Особено треба да го избегнуваат алкохолот и цигарите.

Девица

Прецизната децица премерува се што јаде. Заради осетливиот систем за варење тие треба да внимаваат што јадат. Количината е исто така ваќна, обидете се да јадете се, но во умерена количина, само така нема да имате проблем со стомакот.

Вага

Вагите ја обожаваат тешката храна, калорична и во обилни количини. Како што вагите не внимаваат на своето здравје ниту еден друг знак не го прави тоа. Не се доведувајте во лоша ситуација, внимавајте на квалитетот. Најмногу ви одговара пилешко, мандарини, дуњи, јаболки, морков, како и сите портокалови овошја.

Шкорпија

Жестоката Шкорпија ја сака пикантната храна. Заради можни проблеми со дебелото црево, се препорачува полесна храна. Им одговара компирот, пиперката, доматот и сите видови на овошја.

Стрелец

Виолетовото овошје и зеленчук може да ви даде најмногу енергија. Стрелците ја сакаат храната и тешко им е да се придржуваат до диетите, за да успеат некако во тоа важно е да пијат по една чаша вода пред да започнат со јадењето.

Јарец

Идеална храна за овој зодијачки знак е храната со бела боја: сирење, јогурт, млеко, пилешко месо… Тие нема без нешто што не можат, на нив им е лесно да се откажат од било што за да го постигнат саканото. Она на кое треба да обрнат внимание е да избегнуваат храна која може да им го покачи холестеролот.

Водолија

Од својата спиритуална и интелектуална висина Водолијата го почитува вегетаријанството. Тие не уживаат во вкусот на месото, повеќе претпочитаат да јадат зеленчук и овошје. Сепак треба да внимаваат да внесуваат храна која е богата со железо, бидејќи тие имаат проблем со анемијата.

Риби

Тие уживаат во италијаснката кујна, слатките и месото. Рибите може да јадат риба, месо и краставици, тоа е храна која им дава посебна енергија. Она на кое треба да скратат се слатките.

Напиши коментар