ШоуБиз

Која пара ја „сврте“ Jessica Simpson со бременоста? :)

Jessica Simpson направи „дебела“ пара со раѓањето на нејзината ќеркичка Maxwell. Пејачката и нејзиниот свршеник Eric Johnson ги продале првите слики од новороденчето, кое се роди на 1-ви Мај, на списанието „People“ и тоа за неверојатни 800.000 долари.

Со оглед на тоа што Jennifer Lopez и Marc Anthony за сликите од своите близнаци добија шест милиони долари, а Brangelina дури 11 милиони, Jessica поминала малку полошо.

Сега се очекува договор од 4 милиони долари за симнување на трудничките килограми, кој пејачката го потпишала со „Weight Watchersim“. Значи, сепак, кога би ставиле на едно место сѐ што заработи Simpson со бременоста, тогаш финалниот биланс и не е така лош.

Напиши коментар