ШоуБиз

Која среќа е Ева Лонгорија да те чукне со автомобил :)

Актерката Ева Лонгорија била виновникот за една мала сообраќајна несреќа во Лос Анџелес. Несреќата се случила во средата попладне, кога Ева удрила друг автомобил со своето BMW. Според американските медиуми, направена е незначителна материјална штета, а ниту Ева ниту другиот шофер не претрпеле никакви физички повреди.

Интересен е фактот што очевидците тврдат дека возачот на другиот автомобил не бил ни малку лут на Лонгорија. Тој бил посебно воодушевен од идејата што ќе го добие бројот на Ева, а така и станало. Ева му го дала бројот на оштетениот возач со цел да се договорат околу наплатата за направената штета.

Их, каков среќник! Ева Лонгорија да ти го чукне автомобилот!

Напиши коментар