Одвоите 5 минути да научите што можете да направите со Вашиот омилен газиран пијалак.
Не станува збор само за еден вид на пијалак туку за сите оние газирани пијалаци кои секојдневно ги консумирате.
1. Исчистете го тоалетот
Елеминирајте ги нечистотиите и непријатните мириси само со една лименка од газиран сок. WС шолјата ќе блесне доколку во неа истурите газиран сок и оставете да дејствува 1 час. Истрлајте со четка и пуштете вода и се ќе биде така чудно чисто… истото можете да го направите и со плочките и сета друга санитарија во домот.
2. Одзатнете го лавабото
Водата споро истекува ??? А Вие не сте купиле средство за одзатнување? Немате проблем!!! Само ставете околу 2 литра газиран сок во лавабото и почекајте чудото да се случи…
3. Одлепете мастика од коса
Неизбежна нервозна ситуација… но доколку мастиката ја намачкате со газиран пијалак (најдобро Кока Кола) и оставете да дејствува мастиката сама ќе отпадне.
4. Отстранете р‘ѓа
Доколку сакате да отстраните рѓа од која и да било метална површина а немате шмиргла, истурете газиран пијалак врз зарѓаното место земете фолија за домаќинство и почнете да трлате… рѓата ја снемува со секое наредно трлање.
