Убавина

Кокосово масло – за помека и посјајна коса

Ако сте во потрага за природен регенератор кој темелно ќе ја ревитализира Вашата коса, Ви предлагаме да го испробате кокосовото масло !!!

Станува збор за идеален третман за омекнување на коса…

Дел од неговата хранливост лежи во масните киселини, кои се противник на разните болести. Всушност, овие единствени масни киселини имаат многу мала молекуларна структура па едноставно можат да продрат во страничната мембрана на косата. Тоа овозможува на хранливите маска полесно да продрат во коренот на косата- и да извршат внатрешна длабинска регенерација.

Поради природните својства, кокосовото масло може да ги ублажи и симптомите на првут. Со редовна употреба, можат да се уништат габите на скалпот, а со тоа да се елиминираат, неестетските бели „ снегулки “ од Вашите рамена.

За длабинска регенерација на косата, нанесете 1-2 лажици кокосово масло на мокра коса и оставете го што е можно подолго. Овој длабински третман може да се користи еднаш неделно.

Напиши коментар