Потребни состојки:
– 1,5 дл сируп од мента
– 1,5 дл сируп од ѓумбир
– минерална вода
– сируп од лимон
Во голема стаклена чаша најпрво сипете ги сирупите, па потоа водата. Така тие ќе останат на дното со интензивната боја. Ставете многу лед и декорирајте со парчиња лимон.
Доколку ги имате овие состојки нема зошто да не уживате во овој безалкохолен коктел кој навистина освежува 🙂