Одберете еден од овие секси коктели и загрејте се пред долгата ноќ. Доколку сте сингл направете забава со своите пријатели. Сепак љубов е и она што го чувствуваме кон нашите пријатели
Страст од вишни
Потребни состојки:
– 100 мл ликер од вишни
– 50 мл сок од лимон
– 100 мл текила
Измешајте ги сите состојки и ставете ги во стаклена чаша со лед. Украсете со парче лимон.
Маргарита за повеќе љубов
Потребни состојки:
– 100 мл текила
– 100 мл сок од лимон
– 50 мл водка
Ставете ги сите состојки во шејкер со голема количина лед. На крајот украсете со еден цвет.
Маргарита и чоколада
Потребни состојки:
– 300 мл чоколадно млеко
– 100 мл густ сок од јагода
– 100 мл текила
Измешајте ги состојките и сипете во една стаклена чаша. Со овој пијалок може да се почастите и со чоколада.