Мојата кујна

Колач со совршен вкус и многу овошје

Потребни состојки:

–      100 гр чоколада за готвење

–      4 јајца

–      60 гр шеќер

–      кора од еден портокал

–      мала чаша ликер од портокал

–      125 гр путер

–      чаша млеко

–      пакување кори за торта

–      сезонско овошје

Подготовка:

Путерот, жолчките, млекото, шеќерот и изренданата кора од портокал варете ги на пареа додека не добиете густа смеса.

Сипете го ликерот и продолжите со мешање. Изладете го кремот, па додадете го во него шлагот од белки кои го измативте. Поделете ја смесата на два дела. Во едната половина ставете ја растопената чоколада.

Сечете ги корите за торта на правоаголници. Секој правоаголник најпрво намачкајте го со чоколаден фил, па ставете уште една кора, па од белиот фил, па уште една кора и украсете со сезонско овошје.

Напиши коментар