Мода

Колекција за чевли на Steve Madden – пролет-лето 2012

Ако сте љубители на квалитетни чевли, но не можете да си приуштите купување на луксузни брендови како Balenciag, Cristian Louboutin или Aleksander Mcqueen, секако би можеле да ги погледнете обувките на Steve Madden. Чевлите од оваа марка често наликуваат на моделите на брендовите од високата мода, но распонот  на цените е значително поадаптабилен на разумните цени…

Оваа колекција за пролет/лето 2012 е разноврсна. Може да се видат секси штикли, сандали со огромна пета, разнобојни сандали и чевли со висока пета, еспадрили, удобни сандали и др. Секој модел е во разноврстни бои и текстури.

Со оглед на фактите дека се многу ефтини, тоа не значи дека не се барани и од познати личности! Фан клубот на овие брендови опфаќа големи и познати имиња како што се Rihanna, Jennifer Hudson, Madonna, Adriana Lima, Kim Kardashian, Bar Refaeli и многу други.

Напиши коментар