Мода

Колекција за ова лето од Tantra Summer 2012

Подготвени ли сте за летното расположение? Погледнете ја оваа најнова летна колекција која буди радост и која сигурно ќе направи уште веднаш да почнете да мечтаете за дестинациите за летните одмори…

Па, земете воздух и започнете го вашето патување низ овие прекрасни и воодушевувачки бои и дезени… Доколку трендот е вашата пасија изберете ја колекцијата Tantra summer 2012. Ова е шпански бренд кој е адаптабилен за топлите денови. Колекцијата нуди софистицирани памучни фустани, џинс, туники, модни парчиња од свила, памук со елаборирани дизајни , со апликации на ленти и разни додатоци…

Доколку изберете некои од овие модели инвестирајте во вашиот комфор, женственост и перфектна лежерност. Добивате моден детал  за сите прилики и модно парче кое можете да го облечете за повеќе различни амбиенти. Ова се дизајни кои пленуваат  од едноставни и еднобојни дезени и дизајни, па се до шарени и декорирани.

Инспирацијата за нив доаѓа од Индија адаптирана на урбаната мода.

Покрај овие прекрасни фустани, женствени блузи и летни панталони, овој  бренд нуди и детали од фенси и тренди ацесоари. Освежете го вашиот стајлинг со прималивите ташни, колани, ѓердани, нараквици, бразлетни и разни детали за на коса.

Ви подготвивме прекрасна и неодолива галерија од нашата денешна инспирација, изберете го вашиот најдобар фаворит од оваа колекција….

 

Write A Comment