Мода

Колекцијата на Џенифер Лопез за Kohl’s – Пролет 2012

И повторно, Џенифер Лопез ги диктира модните трендови… Секако, заслужено !!!

Идолот на многу девојки, кралицата на поп и латино ритамот, модната икона која дефинитивно ги спушти бариерите помеѓу слабите девојки и девојките со големи облини, за оваа Пролет, лансираше неодолива колекција.

Како што таа кажува, инспирацијата овој пат е во будењето на природата, во флората и фауната и топлината на сончевите зраци…
42 годишната актерка и пејачка во колекцијата ги дизајнираше најубавите комбинации за дневни и вечерни излегувања, кежуал и свечени пригоди и тоа преку извонредни драматични бои, егзотични принтови, чанти и препознатливиот уникатен вкус, типичен за оваа сензуална дива…

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Напиши коментар