Мода

Колекцијата на United Colors of Benetton, за Пролет/Лето 2012

Колекцијата носи впечатливи бои кои веднаш паѓаат во очи, геометриски текстури, разиграни мотиви со точки и цветови…

Енергија, оптимизам, експлозија од бои и принтови во сите можни видови…Дури и ова не би било доволно да се опише најновата колекција на United Colors of Benetton. А како истата изгледа ? Замислете…точки, пруги и силни бои како портокалова, розова и сите нијанси на сина- за пролетната оптмистичка сезона.

Иако Benetton е познат по својата љубов кон боите, оваа колекција, некако има посебен дух за млади, не само поради големиот калеидоскоп на бои. Сепак присутна е границата која не надминува претераност и лош вкус.

Иако Пролетта е далеку, замислете се во некое од следниве парчиња и уште од сега направете супер комбинација за пролетните денови…

Напиши коментар