ШоуБиз

Колкаво богатство Aniston троши на креми и третмани?

Како поинаку Jennifer Aniston би изгледала толку совршено и на лице и на тело, ако не троши огромни суми на креми и третмани.

Актерката е жена на која верувам многумина би ѝ подзавиделе поради нежната кожа и прородниот изглед. Колку ли само пати ни има покажано дека засега годините на неа не оставаат никаква трага. Сепак, ако се земе во предвид сумата пари која таа ја троши месечно за да ја одржува својата кожа затегната, да има тониран тен, блескава насмевка и сјајна коса, е тогаш нема ни за не зачуди што и во 43-тата година Jenn изгледа фантастично.

Актерката месечно троши 8000 долари на лосиони, креми, строг режим на исхрана и вежбање. Само за препаратите за нега за коса таа „фрла“2000 долари месечно.

За приватните часови со јога тренер, Aniston одвојува неверојатни 900 долари неделно, а нутриционистот го плаќа 680 долари за седум дена совети во врска со прехраната.

Напиши коментар