ШоуБиз

Колку чини менито од Титаник?!

Британската аукциска куќа „Henry Aldridge and Son“ соопштила дека менито за првата класа од последниот ручек на бродот Титаник е продадено за 76.000 фунти.

Менито, кое го зачувал еден банкар од Сан Франциско, има датум 14-ти Април. На тој ден, 1912 година Титаник удри во ледена санта и потона на дното на Атлантскиот Океан. На менито има 40 опции за јадење, а името на тој што го купил останува непознато.

Аукциската куќа наведува дека продаденото мени спаѓа во ретките колекционерски предмети од Титаник и дека го преживеал бродоломот во џебот на сопругата на банкарот. Комплет клучеви од истиот брод се исто така продадени вчера и тоа за 59.000 фунти.

Write A Comment