Едно шишенце парфем чини околу 30 долари, но прекршувањето на договорот ќе го чини пејачот цели четири милиони долари.
Парфемот „3121“ на компанијата „Revelations“ е лансиран пред четири години, а името, шишенцето и комплетната идеја за него биле инспирирани од истоимениот албум на пејачот Prince.
Тогаш било договорено пејачот да биде дел од промотивната кампања. За користењето на името и ликот на музичарот, компанијата платила повеќе од 2 и пол милиони долари, а за возврат Prince требало да учествува во рекламирањето на производот. Сепак, пејачот не го испочитувал тој договор и сега производителите го тужат за тоа.
– Од јули, 2007 година не сме имале никаква комуникација со него, ниту пак со неговиот тим, – се наведува во тужбата.
Во 2008 година, козметичката куќа барала само 100.000 долари отштета, но судот во Њујорк одредил дека сега пејачот треба да плати четири милиони.
