ШоуБиз

Колку години наполнија Том и Џери?

Се сеќавате ли дека во детските денови, еден од незаборавните спомени ви е секако цртанот „Том и Џери“. Вечното ривалство и бркотници на мачката Том и глувчето Џери го одбележаа детството на милиони луѓе, а денес се сеќаваме на нив бидејќи тие слават 72 години од кога се прв пат емитувани на телевизија.

Убавата и долговечна приказна започнала во далечната 1940 година кога филмското студио „Metro Goldwyn Mayer“ ги ангажирало аниматорите Вилијам Хан и Џосеф Барбер да осмислат цртан филм кој би се темелел на вечното непријателство помеѓу глувците и мачките.

Цртанот е награден дури со 7 Оскари досега. Со текот на времето се менувале аниматорите на цртанот, како и телевизиските мрежи кои го емитувале, но во секој случај, Том и Џери засекогаш ќе останат запаметени во нашите срца како малите пријателчиња од детството.

Напиши коментар