ШоуБиз

Колку послаба може да биде Angelina Jolie?!

Кога последен пат се појави во јавност, Angelina Jolie повторно ги шокираше своите фанови со неверојатно слабата фигура.

Актерката присуствувала на предавањата во оквирот на самитот кој носел назив „The Women in the World“, а темата била положбата на жените во светот. Jolie одлучила да се појави во малку покласична комбинација, и за оваа прилика одбрала црни панталони и бело сако. Сепак, не успеала да го прикрие своето неприродно слабо тело.

Инаку, актерката била прилично вознемирена во врска со коментарите за нејзиниот „Versace“ фустан на доделувањето на Оскарите.

–          Таа напорно работеше на својот изглед, а сега сите ја исмејуваат. Доста е загрижена дека приказната за нејзината фигура и фустан ќе ѝ ја уништат репутацијата, – изјавил извор близок на Jolie.

Напиши коментар