Здраво тело

Колку повреди ни се случуваат во текот на животот ???

Во животот ќе прегрмиме 858 главоболки, 2.808 модрици, 780 пати ќе имаме болки во грбот, 312 ќе имаме воспалени синуси, киселините ќе не убиваат 312 пати, вратот ќе ни се здрвува 312 пати, 468 пати ќе не боли стомакот, а менструалните болки ќе ги почувствуваме 390 пати.

Ако сте хипохондар не го читајте овој текст. Едно ново истражување покажа дека просечно личноста пати од 9.672 болести и повреди во животот, пишува Mail Online повикувајќи се на најновото британско истражување.

Во една година ќе претрпиме дури 124случаи на некаква болест, од главоболки и изгореници до вознемирен желудец. Годишно 11 пати силно ќе не боли глава, а може да очекувате  за време од  12  месеци мора да издржете најмалку трипати воспаленија на грлото, четири случаи на киселини и четири случаи на вкочанет врат. Освен тоа, пет пати ќе се пресечете и ќе имате тегоби со желудецот, што значи дека ќе патите од некој вид болка еднаш во три дена.

Резултатите од истражувањето спроведено од британскиот Benenden Healthcare Society се базираат на примерите од 2.000 луѓе. Во својот годишен план треба да пресметате дека и најмалку двапати годишно ќе се пресечете бричејќи се, дека ќе имате три жулеви на нозете, јазикот ќе си го прегризете три пати, а еднаш годишно ќе го загубете и гласот. Како тоа да не е доволно, 78 пати во животот ќе ни крвари носот, а 156 пати ќе не болат стапалата. Исто така 156 пати ќе се соочиме со болки во ушите и 78 пати ќе ни се инфицира окото.

Посериозните болести ќе резултираат во просек со три хоспитализации и два оперативни зафати. „Дури и без опасност од сериозни здравсвени состојби, просечно човечкото тело секојдневно трпи и прима страшни удари кои докажуваат  дека животот не е дизајниран така за да биде едноставен. Иако е непотребно да ја поттикнуваме хипохондријата, секако посетете го лекарот од општа пракса ако почувствувате дека сте се соочиле со надпросечни болести како на пример воспаление на грлото, иритација на желудникот и болки во грбот“, вели Lawrence Christensen од Benenden Healthcare Society. Советува и редовно миење на рацете, исправено држање на телото, здрава исхрана и редовно вежбање.

Напиши коментар