ШоуБиз

Колку Tom Cruise ја обожава Katie Holmes? :)

Иако за два месеци ќе наполни 50 години, се чини дека Tom Cruise воопшто не остарел откако се прослави со улогата во филмот „Top Gun“  во 1986 година.

Најлесно објаснување е дека актерот направил пластична операција, но тој самиот тврди дека никогаш не бил под нож и дека никогаш не би направил естетска операција. Кога го запрашале како успева да го одржи младелачкиот изглед, тој кажал:

–          Искрено, немам појма. Работам. Секогаш сум со семејството. Тренирам, ретко спијам, многу се форсирам.

Актерот го искористил интервјуто за уште еднаш да ја покаже својата љубов кон сопругата Katie Holmes.

–          Таа е неверојатна личност. Само пет минути да поминете со неа, ќе се уверите во тоа. Сѐ што работи го прави со креативност. Забавна е и шармантна, а само кога ќе влезе во собата се чувствувам подобро. Не знам како да се изразам, но среќен сум од моментот кога ја запознав. Ние имаме нешто посебно.

Напиши коментар