Art & Crafts

Колку треба да јадеме ???!!!

Пред 20 години просечните порции храна за половина помалку калории отколку денес.

Во последните неколку десeтлетија, големината на порцијата со храна драстично се зголемила. За жал зголемен е и процентот на луѓето со прекумерна тежина. Водени од мислата деkа храната не смее да се фрла, се доведуваме во ситуација да внесуваме повеќе калории отколку што му е потребно на нашето тело и кои можеме да ги согориме. Големата достапност на ефтина храна, постојаното послужување храна кога сме на гости, во ресторан, дегустациите на производи во продавниците, влијае да јадеме многу повеќе без обѕир на тоа колку сме навистина гладни.

На пример, пред дваесеттина години две парчиња пица содржеле 500 калории, а денес 850! Едно средно пакување пуканки во кино содржала 270 калории, а денес содржи 630 калории.

И големината на сендвичот, порцијата пржени компирчиња и салата драстично се зголемени. Пред дваесеттина години, хамбургерот содржел 330 калории, а денешниот содржи 590. Една порција шпагети болоњезе содржала 500 калории додека денешната содржи преку 1.000 калории.

Дали внимавате на здрава и рамномерна исхрана, а особено доколку сакате да ослабете, морате веднаш да започнете да го следите своето дневно внесување на калории.

Зеленчук и овошје

Готвено или на пареа, салатата и овошјето се најздрави прехранбени намирници, но тоа не значи дека смеете да ги јадете во големи количини. Овие намирници не морате задолжително да ги мерите, но половина до една шолја зеленчук се подразбира нормална и доволна порција.

Јаболко, крушка или праска со средна големина и  две сливи или две мандарини, се една порција овошје, што е отприлика 80 грама.

Месо и риба

Порцијата од месо или риба треба да е отприлика  колку големина на сунѓер за миење садови, а помрсното месо треба да е помалку, во големина на мобилен телефон.

Тестенини и ориз

Тестенините и белиот ориз, ако не се во интегрален облик, содржат многу калории, и затоа треба да бидат сервирани во многу мали садови, како што е мала јапонска чинија за ориз. За еден оброк се препорачуваат 6 лажици ориз што е околу 75 грама, а девет лажици тестенини, што е околу 60 грама.

Леб

Ако јадете леб или друго печиво со секој оброк, земете само едно парче. Поголемо парче печиво поделете го со некого. Ова правило важи и за кексите и колачите и други пекарски производи.

Млечни производи

Млекото, сирењето и јогуртот содржат протеини и калциум кои се важни за коските и забите. Конзумирајте немрсно млеко, сирење и јогурт бидејќи содржат помалку калории отколку полномасните производи.

Напиши коментар