Заврши Пиво Фест и се помина во најдобар ред. Настапија големи музички имиња, а фестивалот го посетија 350.000 гости. Се испило 289 тони пиво, а се изеле 120 тони скара.
Што се однесува на музичките гости, и тие не поминаа лошо. Лепа Брена за својот настап добила 35.000 евра. Нејзиниот колега Жељко Јоксимовиќ заработил 25.000 евра.
Кирил Џајковски земал 10.000 евра, Петар Грашо 9.000 евра, а Влатко Стефановски 5.000 евра.
Освен нив на фестивалот настапија и Петар Грашо, Есма, Влатко Стефановски, групата САРС, Џеј, Биоритам…
Во Прилеп за овие четири дена се слиле 6 милиони евра. Па според ова не потребно да имате море и плажа, истакнал организаторот Ристовски.
Најважно од се е дека сите добро се забавуваа, и гостите и ѕвездите кои настапија.