man fashion

Комбинацјата на бои е цела наука

Колку често сте се нашле во ситуација да се мислите дали палтото ќе одговара со панталоните, кошулата со вратоврската… Комбинацијата на бои не е воопшто лесна работа. Тоа всушност кога ќе се задлабочите ќе сфатите дека е една цела наука.

Затоа за да станете господари на сопствениот изглед, за да ви биде полесно самите да го изградите стилот треба да ја имате основата а тоа е комбинацијата на бои.

Доволно ќе биде да ги знаете основните правила, а ние ќе ви помогнеме во тоа. Ова се пет правила кои треба да ги имате во предвид.

Белата кошула одговара на сè

Не е залудно она што го препорачуваат модните дизајнери, белата кошула е нешто што секој маж треба да го има во својот плакар. Кога се ви се гледа погрешно и лошо тогаш белата кошула е вистинскиот избор за вас. Може да ја комбинирате со светла и со темна вратоврска. Може да ја носите под џемпер во пастелна боја со V израз.

На сивата и прилегаат интензивни бои

Ако сакате да експериментирате со боите тогаш земете ја сивата во комбинација. Сивата боја функционира одлично со сите бои, со јако зелена, жолта, вилоетова, розова, сина… На светлите бои сивата ќе им даде посебен шарм.

Не носете шарени панталони

Без разлика со која професија се занимавате, шарените панталони делуваат многу несериозно. Може да ги имате за вечерните излегувања, но за на работа никако.

Носете различни нијанси од една иста боја

За постигнување на потполн ефект најдобро е да комбинирате парчиња облека кои се во иста боја но поинаква нијанса. Еден од триковите да го сфатите тоа е да погледнете во црно бела фотографија. Ќе го видите ефектот на боите и контрастите. Или поедноставно кажано носете пастелни со пастелни, светли со светли бои, и слично.

Носете контрасти

Кога успешно ќе комбинирате контрастните бои ќе добиете многу комплименти. Боите кои се спротивни една на друга во спектарот на бои се сметаат за компактни една на друга. Комбинацијата на контрастите е доблест само на смелите.

Напиши коментар