Убавина

Комбинирајте ги пролетните бои на вистински начин

Од сите страни сме опсипувани со текстови за боите кои се модерни ова пролет, но никој не не советува со што да ги комбинираме а притоа да не изгледаме премногу шарено.

Црвена и сива

Црвената по правило е атрактивна боја која сама по себе си е доволна, па затоа носете ја со сива, која ќе додаде елегантен тон во вашата комбинација која и онака не би изгледала премногу нападно.

Портокалова и боја на кожа

Ако ја сакате портокаловата, ова боја уште повеќе ќе дојде до израз ако ја комбинирате со детали во крем, златна или боја на кожа. Нема да згрешете ни со маслинесто зелена и кафеава боја.

Жолта и бела

Наоравете контраст така што едноставно белиот фустан ќе го украсете сожолти детали, на пример како ремен. Овие бои се совршени за комбинирање една со друга.

Тиркизна и морнарско сиина

Отворено тиркизната нијанса на сината боја најдобро ќе ја вклопете со – друга нијанса на сина боја! Потемно морнарско сината боја ќе ја смири ова помалку нападно тиркизна, а истото ќе го постигнете со смеѓата, белата или сивата боја.

Напиши коментар