Со пролетта дојдоа и различни колекции во кои се вклучени најшарените и најсјаните нијанси на бои и тонови. Оваа пролет навистина во стајлингот се вклучени многу отворени и живи бои, но никаде не наидовме на совети, како треба да се комбинираат и кои бои си одговараат, за при тоа да не изгледаме прешарено.
Црвената и сивата боја
Црвената боја по правило е атрактивна боја која е доволна сама по себе, па затоа е добро да ја носите комбинирана покрај сива боја, која ќе додаде елеганција за да се згасне тонот на црвената и да не изгледате пренападно.
Портокаловата и бојата на кожа
Доколку ја сакате портокаловата боја, таа ќе дојде до израз со комбинирање на детали со крем, златна и боја на кожа. Нама да погрешите и ако ја комбинирате со маслинесто зелена и смеѓа боја.
Жолта и бела боја
Направете контраст, така што, едноставниот бел фустан ќе го украсите со жолт детал, како каиш, овие бои се совршени за меѓусебно комбинирање.
Тиркизна и морнарско сина
Интензивната тиркизна нијанса најдобро се совпаѓа со поинаква нијанса на сина. Темната морнарско сина ќе ја смири оваа помалку нападна тиркизна, а истиот ефект ќе го постигнете и со смеѓата, белата и сивата боја.
