Здраво тело

Компјутерот создава депресија !!!

Седењето пред компјутер може да создаде депресија…причината е осаменоста и времето кое луѓето го поминуваат во затворен простор.

Ова го тврдат научниците од Факултетот за наука и технологија од Мисури. Тие нагласуваат дека еден од симптомите на депресија всушност е одбивањето на поединецот да се „одлепи“ од компјутерот.

Истражувањето е извршено врз 216 студенти од истоимениот факултет, на кои им била пратена употребата на компјутерот со помош на специјални програми.

Резултатите покажале дека студентите кај кои се забележани знаци на депресија поминувале пред компјутер околу 3 часа во денот, сурфајќи на различни страници. Кај истите е забележано дека во просек на секои 10 минути го отвараат својот профил на друштвените мрежи и го проверуваат својот e mail.

Истите тие студенти имале и послаби резултати на испитите. Според истражувачите депресијата несвесно но сигурно ја убива концентрацијата и правилното расудување на нештата.

Напиши коментар