ШоуБиз

Концерт на Marilyn Monroe, но холограм!

Marilyn Monroe уште еднаш ќе одржи концерт, но овој пат како холограм.

Легендарната актерка и пејачка, која пред некој ден ќе го прославеше 86-тиот роденден, е последна во низата починати ѕвезди која ќе биде оживеана со помош на унапредената технологија.

Концертот ќе биде одржан во текот на оваа година, а настанот ќе носи име „Virtual Marilyn Live – A Musical Celebration of the Birth of the Pop Icon“. Покрај починатата ѕвезда ќе настапат уште пет живи пејачи.

Ќе се користи истата технологија како за концертот на Tupac Shakur во месец април, а идејата на целиот проект е повторно да се оживее кариерата на Monroe како изведувач, гласноговорник, образована личност и уметник.

Напиши коментар