Конечно може да го погледнеме прекрасниот свршенички прстен на Angelina Jolie. Сликата е направена кога актерката за прв пат го носела прстенот на себе на еден приватен настан во Лос Анџелес, во тамошниот Музеј на уметност.
Прекрасниот прстен е дизајн на Brad Pitt во соработка со Robert Procop кој е експерт за дизајнирање венчални прстени.
– Bred точно знаеше што сака и на прстенот работел цела една година заедно со Robert. Тој сакаше секој еден детаљ од прстенот да биде совршен, – изјавил еден член на тимот на Procop.
Инаку, познатиот пар планира наредниве две години да живее во Англија, поточно во Ричмонд, каде актерката треба да сними три филмови, а имала желба целото семејство да биде заедно.
