Мода

Конечно девојките може да здивнат! Направен е разладувачки градник

Кој друг воопшто би се сетил на тоа да ги разлади женските гради, ако не Јапонците?

Производителие на долна облека “Триумф”, си дадоа себе си задача, за летово да направат  градник кој ќе им ги олесни врелите лета на припадничките на понежниот пол.

Иако компанијата е позната по многубројните иновации, и производство на долна облека која никогаш не успеваа да излезат во продажба, овој пат им успеа да лансираат линија, на досега невидени градници кои ги нарекоа” Super Cool Bra”.

Станува збор за градници кои во себе содржат заледен гел за да ги разладат  припадничките на женскиот пол , кога има неподносливи горештини.

Со градникот, доаѓа и минијатурен фен, кој е поставен во мало џебче од страната.

Но, тоа не е се! На местата каде што се спојуваат корпите закачена е врќичка со мента, која додава можност ефектот на свежина да биде задоволен до потполност.

Како точно изгледаат овие разладни градници, погледнете го видеово, кое ви го преставува “Super Cool Bra” во Tokiо.

Напиши коментар