ШоуБиз

Контра банда кај Iker Casillas на свадба :)

Голманот на тимот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, на својата свадба, која треба да се одржи следниот месец, повикал четири играчи од Барселона и само тројца од матичниот Реал Мадрид.

Iker Casillas и познатата водителка Sara Carbonero веќе ја составиле листата на гости за својата венчавка. Како што тврди агентот Esteve Calzada, меѓу поканите ќе има повеќе играчи на Барселона, отколку на Реал Мадрид.

Многу навивачи на кралскиот клуб биле изненадени кога ја чуле оваа вест, а особено се зачудиле кога дознале дека на листата на поканетите се: Carlos Puyol, Xavi Hernandez, Andres Iniesta и Fabregas од Барселона.

Од своите соиграчи, Iker ќе ги покани само: Sergij Ramos, Xabi Alonso и Alvaro Arbelou.

Напиши коментар