Здраво тело

Коприва за подобро здравје

Ова е период кога речиси на секој чекор растат коприви. За многумина ова е обична тревка која расте на патот, но за оние кои ги знаат нејзините благотворни дејства ова е билка од големо значење.

Според многу нутриционисти, копривата треба да ја јадеме што почесто. Младата коприва содржи одлична количина на зелен пигмент хлорофил, кој е добар за менталното здравје. Копривата има огромна количина на калциум, кој е добар за здрава коса, коски, кожа… За разлика од калциумот кој го има во млекото и млечните продукти, овој калциум нема да ви наштети.

Копривата исто така има голема количина на витамин Ц. Таа има шест пати повеќе витамин Ц, отколку што има во листовите спанаќ. Сепак треба да се напомене дека копривата која расте покрај пат или во индустриска зона не се препорачува да се бере.

Чајот од коприва е добар пред се за подобрување на крвната слика, за прочистување на телото од токсини, за прочистување на мочните канали, за подобрување на функцијата на бубрезите, а исто така се препорачува и на оние кои сакаат да ослабат.

Копривата може да ја внесет на различни начини: како чај, чорба од коприва, пита…

Напиши коментар