Убавина

Користете дневна крема за заштита и свежина

Експертите советуваат секојдневно користење на сневна крема која ќе го заштити лицето, ќе го хидратира и ќе ја оддржи свежината.

Дерматолозите советуваат при изборот на дневна крема да обрнете внимание на состојките, бидејќи првенствената улога на кремата е да ја заштити кожата од надворешните влијанија и да ја одржи влажноста и еластиноста, како и да ги ублажи брчките и да го намали црвенилото.

Внимавајте вашата крема да биде во склад со типот на вашата кожа и со годишното време. Важно е кремата да биде ускладена со вашата шминка, односно да не биде премногу масна. Идеална крема е онаа која воопшто не се забележува. Дамите со масна кожа треба да користат креми како гел, додека оние со сува кожа треба да користат креми со густа структура. Доколку забележите по половина час дека вашето лице премногу сјае или дека вашата кожа е затегната, променете ја кремата.

Препаратите наменети за дневна нега не се препорачуваат за ноќе, бидејќи ноќе кожата не е изложена на штетни влијанија и не и е потребна заштита, туку потребни и се хранливи состојки за да и помогнат да се регенерира. Исто така препаратите за ноќна нега не се препорачуваат за денска нега.

Напиши коментар