Здраво тело

Користете го медот наместо лекарства

Медот е божји дар кој има милион полезни дејства врз нашето здравје, па затоа и треба да го користиме секојдневно во нашата исхрана.

Багремов мед– тој е погоден за оние кои имаат потешкотии со системот за варење. Делува смирувачки на целиот организам. Бидејќи е лесен мед, него може да го консумираат и деца од три години.

Ливадски мед – содржи повеќе етерични масла кои посебно се препорачуваат на луѓето со срцеви заболувања, а може да помогне и кај оние кои имаат проблем со респираторниот систем.

Липов мед – има антисептичко дејство и се препорачува кај заболувања од грип. Најдобро е да се користи во комбинација со чај.

Шумски мед – содржи 13 пати повеќе минерални материи отколку било која врста на цветен мед. Особено е богат со железо, па посебно се препорачува на анемичните особи.

 

Напиши коментар