Убавина

Козметички средства кои мора да ги имате во својата чанта

Сигурно ви се случило да излезете од дома без шминка и да налетате на некој кој сакате да ве види во најдобро светло. Друга ситуација е да брзате за на состанок, а маскарата да ви се размачкала. Токму поради таквите ситуации постојат неколку козметички производи кои морате секогаш да ги имате во својата чанта.

Влажни  марамчиња – ќе ви се најдат во секоја ситуација и за различни намени.

Кармин – дури и да немате шминка на себе, карминот е нешто што секоја жена мора да го има во чантата.

Крема за раце – таа е важна рацете да ви бидат секогаш меки.

Мини чешел – некогаш временските услови како ветер знаат да направат хаос со вашата фризура, затоа секогаш имајте мал чешел со кој ќе го поправите тоа.

Турпија за нокти – сигурно ви се случило да ви се скрши нокт, а да немате турпија, затоа секогаш ставете ја во несесерот кој го носите во вашата чанта.

Write A Comment