Prison brake

Кралицата Викторија – симбол на моќ

Жени кои историјата ќе ги памети

3. Кралицата Викторија (1819-1901 година)

Викторија 63 години владеела со Британија, а во тоа време двојно ја зголеми територијата на Англија и избегна голем број на конфликти и војни. Нејзиното владеење беше најдолгото владеење на еден британски монарх. Покрај титула – Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска, беше првиот монарх кој ја доби титулата Царицата на Индија.

Ерата на Викторија е одбележана со економски и технолошки напредок во Велика Британија, општествени промени и достигнување на врвот во индустриската револуција. Во текот на нејзиното владеење Британија стана една од водечките светска сила. Таа основаше партија, управуваше и спроведуваше реформи. Нејзината смрт длабоко ја шокираше целата Велика Британија и стана симбол на една епоха.

Напиши коментар