Подготвени сте за едно прекрасно визуелно уживање? Тогаш ви ја претставуваме најновата колекција на брендот Интузури, која може да се опише во два збора – кралски гламур.
Невестинските фустани од колекцијата се гламурозни, здолништата се раскошни и како да се попрскани со „дијамантска прашина“ или пак се покриени со прекрасна тантела.
Колекцијата ја надополнуваат и прекрасните велови и украси за на глава, од кои повеќето се круни и тијари, кои дополнително ќе придонесат да се чувствувате како кралица на вашата свадба!


















