Bridal

Кралски венчаници од Таками Брајдал

Дали отсекогаш сте сонувале да изгледате како вистинска принцеза со прекрасна балска венчаница на вашата свадба? Тогаш дефинитивно еден од најдобрите избори за вас е колекцијата на Таками Брајдал.

Невестинските фустани од оваа колекција се направени во ист стил. Станува збор за корсети и долги балски фустани, а тоа е она што и е потребно на секоја принцеза. Иако фустаните се направени во ист стил, секоја венчаница има своја уникатна убавина.

Колекцијата претставува венчаници навистина достојни за восхит, од нежни и романтични, до ретро венчаници со историски моменти, па и класични и елегантни, но и гламурозни и раскошни фустани. Ваше е само да изберете:

 

Напиши коментар