Убавина

Краставица и лимон за масна кожа

Масната кожа бара посебна нега. Со помош на овие упатства лесно ќе може да го контролирате функционирањето на лојните жлезди, а со тоа и сјајот на лицето.

Пред сè треба да обрнете внимание на исхраната. Доколку имате масна кожа треба да избегнувате масна храна и слатки. Тоа дополнително ќе го зголеми лачењето на лојните жлезди.

Во зависнот од времето со кое располагате би требало да правите и домашни маски.

Краставица и лимон

Направете маска од рендана краставица и сок од лимон. Со оваа смеса измасирајте го лицето и оставете нека се исуши, а потоа измијте се со ладна вода.

Млеко и лимон

Во малку млеко ставете неколку капки сок од лимон. Со оваа течност масирајте го лицето. Освен тоа што ќе ја отстрани маснотијата од лицето вашата кожа ќе биде мека и еластична.

 

Напиши коментар