Убавина

Краставица за здравје и убавина

Дозволете му на овој зелен нискокалоричен зеленчук да направи многу за вас.

Ги намалува подочниците и отоците околу очите

Една од најпознатите методи за отстранување на подочниците е ставањето на облоги од свежа краставица. Овој зеленчук содржи аскорбинска и кафеинска киселина која спречува задржување на вода па со тоа ги намалува отоците околу очите.

Ги ублажува изгорениците од сонце

Доколку дојде до оваа непријатна ситуација, веднаш ставете облоги од краставици. Таа ќе ја извлече топлината и ќе ја намали болката.

Делува против брчките

Правете барем еднаш неделно маска од краставица. Таа содржи голема количина на вода, која е неопходна за кожата да ја има потребната влажност, а со тоа и да не се појавуваат брчките. Се препорачува и секојдневно консумирање.

За детоксификација

Заради големата количина на вода која ја содржи одлично го прочистува организмот.

Добра е за диета

Има многу малку калории, а голема количина на вода и влакна, што дава чувство на ситост.

Напиши коментар