Ова се маските кои филмската дива, Софија Лорен ги практикува. Почувствувајте ја моќта на природните маски и видете ги ефектите веднаш.
Маска од краставица
– 1 краставица
– ¼ лажица лимонов сок
– 1 лажица алкохол
– 1 белка изматена во цврст снег
Изматете ја белката, исцедете го сокот од краставицата, додајте го во белката заедно со лимоновиот сок и алкохолот и нанесете ја смесата на лицето. Оставете нека се суши 15 минути, а потоа измијте се.
Маска од мед
– 1 лажица мед
– 1 жолчка
– 1 лажица маслиново масло
Измешајте ја жолчката со маслиновото масло, а потоа додајте го медот. Нанесете ја смесата на лицето и оставете нека делува 15 минути.
