Вкусен десерт кој одлично оди во комбинација со сладолед:)
Потребни состојки за тестото:
– 280 гр брашно
– 140 гр путер
– 70 гр шеќер во прав
– 2 жолчки
– 1 лажица бело вино
За филот:
– 1 кг јаболки
– цимет
– сок од лимон
– ореви
– суво грозје
– ванилин шеќер
Подготовка:
Измешајте ги состојките за тестото. Путерот мора да биде на собна температура и никако не го месете тестото премногу долго. Откако ќе го измесите тестото ставете го на ладно место да стои 30 минути.
Исчистете ги јаболките и исецкајте ги на коцки. Додајте им малку цимет и сок од лимон. Оревите, сувото грозје и ванилиниот шеќер додајте ги во смесата со јаболките. Одвојте 2/3 од тестото и ставете го во калапот за печење, па одозгора сипете го филот и со пресотанатото тесто прекријте ја питата. Печете од 30 до 45 минути на средна температура. Питата послужете ја со топка сладолед од ванила.
