Вкусете го овој лесен, но вкусен рецепт
Потребни состојки:
– 250 гр туна од конзерва
– 100 гр путер
– 100 гр мајонез
– 3 кисели краставички
– 1 печена пиперка
– пола лажичка копар
– 1 лажица сецкан магдонос
– 2 лажици кечап
– малку табаско
– сол и бибер
Подготовка:
Извадете ја туната од конзерва и исцедете ја. Заедно со пуерот и мајонезот изблендирајте ја. Потоа додајте ги киселите краставички, кечапот, излупената пиперка, зачините и повторно изблендирајте. Добиената паштета намачкајте ја на претходно запечени лебчиња.
Уживајте во вкусот на туната!