Дури и да не сте некој голем фудбалски фан, оваа масичка ќе го привлече Вашето внимание. Интересниот дизајн, кој може лесно да се вклопи во ентериерот ќе биде вистинско освежување во Вашиот дом, можност за рекреација и израз на Вашата оригиналност.
Пиењето кафе за секого од нас е важен ритуал, кој заслужува да биде проследен и со убаво расположение. Несекојдневната стаклена масичка, во чија внатрешност се сместени фигурите за познатата игра, фудбал, е вистинскиот начин, да го испиете Вашето кафе, а во меѓувреме да се раздвижите, односно, доволно ќе биде што ќе Ве прати пријатната енергија што ја произведува.
Не мора да бидете стручњак, за да ги научите вештините, а овој предмет, ќе биде огромна радост и за Вашите деца…
Бидете инвентивни и поразлични… Внесете ведрина во Вашиот дом !!!






