← НАЗАД НА БОЗА

Крем од вишни – за оние со префинет вкус

Крем од вишни – за оние со префинет вкус
1103 Читања

Спој на сладок крем од јогурт и киселкаст освежувачки вкус на вишна…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 грама вишни

1 лажичка желатин во прав

1 лимон

½ литар јогурт

100 грама шеќер

4 лажички рум

300 милилитри слатка павлака

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исчистете ги вишните. Желатинот спремете го според упатството на пакувањето. Лимонот добро измијте го, изрендајте му ја кората и исцедете го сокот. Во сад измешајте ги јогуртот, сокот од лимон, кората од лимон и шеќерот. Желатинот спремен според упатството додадете го на кремот од јогурт. Штом кремот почне да се стегнува додадете ја изматената слатка павлака.

Исчистените вишни заедно со румот ставете ги во блендер. Кремот од јогурт и вишните со рум ставете ги во фрижидер околу 1 час да се оладат.

Сервирајте на тој начин што наизменично ќе излевате крем од јогурт па крем од вишни ( по Ваша желба може да има неколку слоја). Десертот украсете го со вишна

Уживајте во вкусот!!!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk