Потребни состојки:
– 500 мл слатка павлака
– 400 мл јогурт
– 500 гр малини
– 3 лажици шеќер во прав
– 2 кесички желатин
– 50 гр сецкани несолени фстаци
Подготовка:
Убаво измијте ги малините, исцедете ги и од нив одвојте неколку за декорација. Останатите ставете ги во блендер. Слатката павлака и јогуртот убаво измиксирајте ги па во нив додадете го растопениот желатин. Ставете го и шеќерот во прав и уште кратко мешајте со миксерот. Во смесата ставете ги исецканите фстаци и пирето од малини. Убаво измешајте со лажица и ставете ја смесата во фрижидер да се смрзне.
