Мојата кујна

Кремаст колач со малини и фстаци

Потребни состојки:

–      500 мл слатка павлака

–      400 мл јогурт

–      500 гр малини

–      3 лажици шеќер во прав

–      2 кесички желатин

–      50 гр сецкани несолени фстаци

Подготовка:

Убаво измијте ги малините, исцедете ги и од нив одвојте неколку за декорација. Останатите ставете ги во блендер. Слатката павлака и јогуртот убаво измиксирајте ги па во нив додадете го растопениот желатин. Ставете го и шеќерот во прав и уште кратко мешајте со миксерот. Во смесата ставете ги исецканите фстаци и пирето од малини. Убаво измешајте со лажица и ставете ја смесата во фрижидер да се смрзне.

Напиши коментар