Потребни состојки за кората:
– 6 жолчки
– 11 лажици шеќер
– 6 лажици млеко
– 6 лажици масло
– 6 лажици брашно
– една кесичка пециво
Потребни состојки за кремот:
– 3 кесички пудинг од ванила
– 6 белки
– 6 лажици шеќер
За декорација:
– листови бадем и чоколада за готвење
Подготовка:
Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот. Додајте го млекото, маслото и брашното заедно со пецивото. Измешајте ја убаво смесата за да се изедначат состојките. Тестото ставете го во подмачкан плех и печете на 180 степени, се додека не зарумени. Откако ќе се испече извадете ја кората од плехот за да се излади.
За кремот сварете пудинг со вода и 11 лажици шеќер. Посебно изматете ги белките со шест лажици шеќер, па додадете ги во изладениот пудинг. Оставете го кремот да се стегне, а потоа премачкајте ја кората. Одозгора ставете ги листовите од бадем и прелијте со растопената чоколада.
