← НАЗАД НА БОЗА

Кремпита од бадеми

Кремпита од бадеми
1064 Читања

Потребни состојки за кората:

–      6 жолчки

–      11 лажици шеќер

–      6 лажици млеко

–      6 лажици масло

–      6 лажици брашно

–      една кесичка пециво

Потребни состојки за кремот:

–      3 кесички пудинг од ванила

–      6 белки

–      6 лажици шеќер

За декорација:

–      листови бадем и чоколада за готвење

Подготовка:

Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот. Додајте го млекото, маслото и брашното заедно со пецивото. Измешајте ја убаво смесата за да се изедначат состојките. Тестото ставете го во подмачкан плех и печете на 180 степени, се додека не зарумени. Откако ќе се испече извадете ја кората од плехот за да се излади.

За кремот сварете пудинг со вода и 11 лажици шеќер. Посебно изматете ги белките со шест лажици шеќер, па додадете ги во изладениот пудинг. Оставете го кремот да се стегне, а потоа премачкајте ја кората. Одозгора ставете ги листовите од бадем и прелијте со растопената чоколада.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk