Kris Humphries наводно тајно барал 7 милиони долари од својата поранешна жена Kim Kardashian за да изчезне од нејзиниот живот засекогаш.
Преку својот адвокат, Kris ѝ се заканил на Kim со ултиматум дека ако не му ги исплати парите ќе се соочи со гадно и јавно судење во врска со нивниот развод. На ова барање, Kim му кажала само дека за него банката на Kardashian е затворена и дека тој зел доволно пари од неа досега.
Прво зел околу 300.000 долари од шоуто, а имал добра заработка и од бракот и венчавката, иако со Kim потпишале предбрачен договор.
Но, изгледа сето ова не му е доволно на алчниот кошаркар.
