Крис Браун воопшто не се срамел да ја запее песната „We Found Love“ на Ријана, кога диџејот во Орландо ја пуштил во етер. Ова се случило во еден ноќен клуб, а Крис ја испеал песната кажувајќи го секој збор од песната без грешка.
Настанот бил за време на журката по повод финалето на НБА ѕвездите. Браун бил на главната сцена и сите погледи биле вперени во него. На изненадување на сите, Крис покажал дека е голем фан на оваа песна.
Ова на многумина им изгледа како јавно помирување на двете пејачки ѕвезди, особено ако се земе во предвид фактот дека Ријана и Крис направија и два ремикси заедно. Што е следно? Е, тоа останува да видиме!
Ова е настапот: