ШоуБиз

Крис Браун негира дека е со Ријана! Си имал нова женска :)

Иако американските медиуми во неколку наврати пишуваа дека пејачката Ријана повторно се гледа се својот поранешен дечко Крис Браун кој пред неколку години брутално ја истепа, пејачот ги демантирал сите гласини.

Имано, последните шпекулации започнаа откако тие двајцата се нашле на исто место, во исто време во еден ноќен клуб во Холивуд за време на изминатиот викенд. Поради бројните написи во медиумите, Браун решил да даде официјална изјава преку својот портпарол.

–          Крис Браун има девојка, но тоа не е Ријана, туку надежниот модел Каруке Тран со која заедно бил во ноќниот клуб, кога случајно се сретнале со Ријана, – биле зборовите на човекот кој зборувал во името на Крис.

Напиши коментар